ВИДЕО | Морачанин: Остануваме дел од коалицијата

Мислам дека е потребно дообјаснување, станува збор за две различни работи кога зборуваме за заедничкиот настап во коалицијата и поддржувањето на владата како дел од мнозинството и излегувањето од пратеничката група. Пратеничката група не треба да се поистоветува со дел од коалицијата, вели за УБ пратеничката и претседател на партијата на ДОМ, Маја Морачанин.
„Ние како ДОМ уште минатиот мандат бевме независни пратенички со Лилјана Поповска и истата пракса сакавме и сега да ја спроведеме со Мирослав Богдановски и така и е договорено со коалицијата со СДСМ. Но поради условите со корона во Собранието во насока на постигнување подобра ефикасност на работата на коалицијата ја оставивме ваквата одлука за подобри времиња кога ќе процениме дека ќе можеме да излеземе од пратеничката група“, додава Морачанин.
Целиот разговор погледенете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот