Фото: Твитер

ВИДЕО | Монтреал: Крадци влетаа со возило во златарница и ја ограбија

Полицијата е во потрага по група крадци на накит кои провалиле во продавница во дрскиот инцидент во предградието на Монтреал, Канада во неделата навечер, објавија светските медиуми.

Шокантното видео кое го споделија сопствениците на златарницата на улицата „Де Лиеж“ го покажува моментот кога возилото влетува во златарата и потоа ограбувачите го крадат златото.

Еден од напаѓачите користи нешто што изгледа како голем чекан, додека сопственикот се обидува да се бори со другите двајца напаѓачи. Друг од осомничените исто така има оружје во раката, и на крајот, еден од крадците оди до стаклените витрини и успева да скрши некои од нив и да го однесе накитот.

Сопствениците пријавиле дека во грабежот е украден златен накит вреден меѓу 600 и 700 илјади долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот