ВИДЕО | Момчето кое беше прободено со нож кај Витина: Без причина мои соселани ме нападнаа од зад грб

Фото: РТС/принтскрин

Момчето кое беше рането со нож кај Витина, за РТС изјави дека тројца Албанци го нападнале од зад грб. Вели дека ги познава и дека се од неговото село.

„Денеска ме нападнаа Албанци кога се враќав дома. Тројца од нив ме нападнаа од зад грб. Ги знам напаѓачите, тие се од моето село – едниот има 12, другиот 17, а третиот 46 години“, рече момчето.

Тој изјави дека повикал полиција, која дошла, но дека немало никој во близина кој би можел да сведочи.

Лекарите велат дека момчето има две убодни рани, но е во стабилна состојба.

„Неговата состојба се следи од час во час. Мислам дека ќе биде во нашето одделение неколку дена“, соопштија лекарите.

Со нож прободено момче во Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот