ВИДЕО | Моловска, Коробар: Културата е прогресот на едно општество

Весела Моловска и Марија Коробар / Утрински брифинг

„Inside out“ е партиципативна платформа создаена во 2011 година од францускиот уметник JR, преку која со групна акција се испраќа одредена порака во општеството. Со прикажувањето на црно белите портрети поставени еден до друг, вкупно 134 поддржувачи на нашата идеја со наслов „Нека светлината од уметникот се одрази врз целaта заедница“.

Целта беше да потсетиме за важноста на културата, за влијанието кое го има во општеството, за поттикнување на промени, прогресивен напредок итн“, вели Марија Коробар, една од иницијаторките на проектот.

„Не станува збор за тоа дали потенцијалите на култура не се доволно искористени, ние имаме култура, но таа се обраќа на малубројна публика. Нам ни беше важно да го свртиме вниманието на јавноста и успеавме да го направиме тоа. Сметаме дека работите во културата се многу институционализирани, а немаме ниту сериозна независна сцена, или пак уметниците функционираат благодарение на европски проекти. Но на уметниците им е потребно да се ослободат, бидејќи ние не можеме да правиме уметност со 500 или 1000 евра. Еден пример за тоа како да се прошири полето на финансирање е конечно да почне да функционира законот за донации и спонзорство, кој сега се применува само во спортот. Каде се културата и образованието? Покрај здравството, тие се стожер на едно општество, тие се прогресот на едно општество“, вели за Утрински брифинг, Весела Моловска, иницијаторка на акцијата.

Тие кажаа дека подготвуваат повеќегодишна програма во која најголем акцент ставаат на итноста и неопходноста за поддршка на уметниците и за нивно поголемо вклучување во општеството.

„На пример, украсувањето на плоштадот наместо да им се дава на фирми, мислам дека поинтересно би им било на граѓаните да се вклучат уметниците, како шт тоа функционира во светот“, додава Коробар.

Повеќе од разговорот погледнете на видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот