
ВИДЕО: Моќни зборови на 13-годишното момче Константин, кое остана без прсти поради петарда
Тринаесетгодишно момче од Србија, Константин Дошљак, доживеал тешка несреќа за новогодишните празници, кога петарда му пукнала во раката и тој останал без два прста. Тој заедно со својот татко Златко Дошљак гостуваше во утринската програма на телевизијата „Прва“ и со за да ги предупреди родителите и децата за опасноста. Сè се случило кога Константин добил голема петарда од соседот, која прво се запалила, а потоа изгаснала. Сепак, му експлодираше на прстите.
Препорачано
„Се шетав низ населбата со еден пријател. Имав неколку мали петарди со мене. Со другар ми сакавме да ги фрлиме покрај еден контејнер. Мојот пријател ја фрли. Еден човек дојде и праша кој ја фрли петардата, а потоа праша од каде сме ја зеле. Не му кажавме, па ни даде голема петарда, ја фрливме и потоа ни даде уште една. Кога замина, со другарот сакавме да ја запалиме и таа што остана”, вели Константин.
„Прво се палеше и се гасеше, видов дека не работи. Трчавме и додека трчав, видов дека нешто чади, замириса. Во левата рака ми беше, некако успеав да ја исфрлам. Како што ја фрлив, пукна. Беше во близина на малиот и домалиот прст. Веднаш бликна крв. Една жена излезе и фрли мраз и рече да го стави прстот во кеса со мраз. Јас не знаев каде беше. Се смеев, а мојот другар врескаше. Јас не можев да поверувам, не чувствував болка. Само осетив топлина“, раскажа момчето.
„Најдовме дел од прстот, мојот другар го најде. Го ставивме во торба и наидовме на една жена, ја замоливме да повика брза помош. Таа беше таму додека не дојде татко ми. Ми ја врзаа раната со каиш, за да не ми тече крв.“
Златко Дошљак, таткото на Константин, се понудил да донира коски од прстите за својот син.
„Ми се јави поранешната сопруга и рече дека тој е во болница. Брзо стигнав таму. Влегов во собата и тој беше завиткан, лицето му беше крваво, гореше, целата рака буквално му гореше. Едноставно сте беспомошен, а јас не знаев ни што се случи, што има под завоите. Најлошо ми беше кога го однесоа на операција и кога докторот ми кажа што му направиле. Би ми било подобро мене да ми го прави тоа, отколку што ми кажа што се случило. Тој, за жал, изгубил повеќе од половина од малиот прст и половина од домалиот“, вели таткото и додава дека Константин само го интересирало дали ќе може да тренира бокс.
Константин, без задршка и јадосување, храбро и отворено зборуваше за страотната несреќа што го снашла.
„Не ми е гајле за ова, одиме понатаму, не сакам да плачам во болница. Само сакав да знам дали ќе можам да боксувам. Тие прво рекоа дека не знаат, но по операцијата ми кажаа дека ќе можам. Тогаш сè ми беше полесно. Моите родители никогаш не ми купиле петарди, постојано ми велеа да не ги фрлам. Сега сакам да им кажам на моите пријатели да не фрлаат петарди“, рече Константин, предизвикувајќи изненадување и воодушевување кај водителите поради начинот на кој зборува за инцидентот.