ВИДЕО| Младите во Шпанија и објавија војна на владата: Полицијата вели дека „досега не се соочила со ваков вид насилство“

Во Шпанија,зачестија судирите меѓу младите луѓе кои се собираат на плоштадите и полицијата, која се обидува да ги отстрани поради опасноста од ширење на коронавирусот.

Во најновите насилства и судури помеќу полицијата и младите луѓе, седум полицајци беа повредени, а пет лица беа уапсениво градот Алкала де Хенарес во близина на Мадрид.

Во Барселона, во судирте младите фрлаа камења и повредија шест полицајци, разулавените млади се повлекоа откако интервентната полиција, реаагираше употребувајќи палки, штитови и созлавец.

Никогаш не сме биле сведоци на ваков вид насилство без политички причини во позадина“, изјави претставник на баскиската полиција.

Четиринаесет лица беа приведени во градот Сан Себастијан и 18 во соседната провинција Кантабриа.

Од укинувањето на полицискиот час во Шпанија во мај годинава, илјадници млади луѓе се собираа ноќе на градските плоштади, паркови и фонтани без заштитни маски, со што го зголемија ризикот од ширење на нова епидемија на коронавирус, од која во Шпанија досега починаа повеќе од 84.000 луѓе.

Меѓутоа, младите луѓе досега не беа толку агресивни кон полицијата која се обидува да ги спречи нивните масовни собири.


„Младите луѓе беа очајни долго време“

Експертите за ментално здравје велат дека причините за таквото однесување се сложени. „Многу млади луѓе беа очајни долго време, фрустрирани од рестриктивните мерки, но и од банализацијата на насилното однесување.

„Кога чувствуваат дека насилното однесување не е потиснато, тие продолжуваат со тоа“, сметаат психолозите.

Секоја од 17-те автономни провинции воведува свои епидемиолошки мерки. Каталонија, на брегот на Медитеранот, во вторникот одлучи да не отвора ноќни клубови додека не се стабилизира ситуацијата во болниците.

Во Шпанија, земја со 47 милиони луѓе, 69,1 проценти од луѓето се целосно вакцинирани, а неодамна на ред дојдоа и младите луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот