ВИДЕО: Млад навивач го запозна својот идол Кристијано Роналдо

Во Техеран вчера владееше голема еуфорија, а главен „виновник“ беше португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кој со својот Ал Наср пристигна во главниот град на Иран каде денеска го игра натпреварот од азиската Лига на шампиони против Персеполис.
По пристигнувањето во земјата, португалскиот ас доби подарок, персиски тепих, кој му го подари претседателот на противничкиот клуб. Снимката стана вирална, но навивачите сепак нема да можат да присуствуваат на денешниот натпревар поради санкциите на Азиската конфедерација.
Затоа навивачите на Роналдо и клубот трчаа по автобусот на Ал Наср, а некои дури упаднаа и во хотелот во кој е сместен тимот од Саудиска Арабија.
Ал Наср објави видео од еден млад навивач облечен во дресот на Роналдо кој имал можност да го запознае својот идол и да добие автограм и фотографија.
Момчето воедно ја изведе и прославата на голот, „Сиу“, што е заштитен знак на Роналдо, а тоа многу му се допадна на еден од најдобрите фудбалери кој веднаш го прегрна.
The Beautiful Game ✨
It's even more beautiful,
With The Greatest making a boy’s wish coming true 💛
pic.twitter.com/Q1OKO9uvrd— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) September 18, 2023