ВИДЕО: Млад Британец ги шокираше Хрватите со својата бестрашност

Младиот Британец Адам Локвуд (19) се пофали дека се искачил на највисоката зграда во Хрватска и на оџак висок 340 метри на термоелектраната во Пломин, пренесува РТЛ.

Овој 19-годишник не само што се искачи таму, туку и висеше од оџакот. Тој, без трошка страв, се држи за ’рѓосаната метална греда само со врвовите на прстите. Својата бестрашност ја покажува и правејќи неколку згибови.

На својот Инстаграм профил, адреналинскиот зависник објасни како тој и неговиот колега алпинист од Хрватска влегле во имотот на термоцентралата среде ноќ. Им требало два часа да се искачат на врвот. Од таму слегле дури следната вечер што значи дека поминаа 21 час на врвот на оџакот.

Откако видеото на Локвуд стана вирално на социјалните мрежи се огласи и Хрватска електропривреда. Тие велат дека побарале извештај од компанијата што го обезбедува просторот за термоелектраната Пломин, по што ќе кажат повеќе детали, пишува РТЛ.

Погледнете го видеото на Адам Локвуд:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот