ВИДЕО | Мизрахи: Повеќе од потребна е декларација со црвени линии во нашето Собрание

Во неколку наврати пред медиумите кажувам дека со тој договор се отвори една пандорина кутија која што ќе биде исклучително тешко да биде затворена, дека билатералниот однос меѓу соседна Република Бугарија и Македонија не треба да биде дел од постулатот на оние прашања кои што се одговараат за започнување преговорите, тоа е наративот до кој што верувам се држат сите партии во Македонија, сите политички структури, сите политичари и народот во државата, сметам дека е повеќе од погрешно да се заглавуваме во билатералниот однос и во ова прашање и да не ги отпочнеме на овој начин преговорите, меѓутоа тоа е што е, Бугарија е член на ЕУ и таа го има правото на вето. Дека е повеќе од потребно да има декларација на нашето национално Собрание во која што ќе ставиме една рамка на црвени линии и постулати преку кои што нема да може да се преминува мислам дека примерот на Бугарија е повеќе од очигледен за тоа како треба да се постапува политички во овие битки за влез во ЕУ. Сметам дека ќе биде повеќе од потребно, неизбежно и конечно ќе биде добро за државата да имаме таква декларација во Македонија, изјави за УБ пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Целиот разговор со Мизрахи погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот