ВИДЕО | Митревски собра десет одбрани во поразот на Порто – една беше спектакуларна!

Фото: Screenshot

Екипата на Порто вечерва беше поразена од Динамо Букурешт во Лигата на шампионите, но македонскиот голман Никола Митревски беше светла точка во португалскиот тим.

Во овој натпревар против романскиот тим Митревски собра десет одбрани, а една од нив сигурно ќе биде во конкуренција за одбрана на колото.

Египетскиот лев бек Али Зеин влезе во зицер против Митревски, а на крајот како победник излезе Митревски. Оваа одбрана на Митревски беше издвоена и од официјалната страна на ЕХФ Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот