ВИДЕО: Митревски и Ристовски во одлична форма пред „мисијата“ ЕП 2022!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

После фантастичната партија против Пик Сегед, нови одлични перформанси покажува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.

Вчера во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје исто така блескаше на голот за Порто во ремито против екипата на Вардар 1961 (25:25).

Иако беше дел од тактиката „7 на 6“ во нападот на португалскиот клуб, во голем дел од мечот се наоѓаше и на клупата, на крајот собра вкупно 11 одбрани.

Најверојатно се очекува повторно да биде во Топ 5 одбрани на колото во изборот на ЕХФ, откако вчера имаше „двојна“ одбрана против Јотиќ.

Секако врвната форма на Митревски (покрај секако и онаа на Борко Ристовски со 17 одбрани) за нашиот селектор Данило Брестовац (кој исто така го следеше мечот Вардар 1961-Порто од трибините) е добра вест пред почетокот на квалификациите за пласман на наредното Европско првенство во 2022 година (Унгарија/Словачка).

Потсетување, „црвено-жолтите“ својот прв меч во квалификацискиот циклус за ЕП ќе го имаат на домашен терен (4 ноември) против Финска, а во групата„ „7“ се наоѓаат уште селекциите на Данска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот