ВИДЕО | Митева: Не ги укинувајте учебниците на сила, тоа ќе предизвика дискриминација на децата на најрана возраст

Можеби оттука, токму пред министерството за образование и наука подобро ќе не слушне ценетата министерка која презентира игнорантски однос.

Молкот од министерката Царовска продолжува, но ВМРО-ДПМНЕ уште поупорно ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики.

Концепција за дигитализација со која ќе се укинат учебниците во основното образование нема да дозволиме да се спроведе. Масовните протести на родителите, наставниците и учениците кои се случија пред неколку дена се доволен доказ дека станува збор за уште еден неуспешен проект во образованието.

Дигитализацијата чија основна цел е укинување на печатените учебници ќе предизвика многу негативни последици. Најпрво, се воведува концепција која зад себе нема никаква наставна анализа и за која немаме никакво образложение кој, како и на кој начин ќе ја реализира. Немаме ниту финансиска рамка која треба да подлежи на анализа како ќе се одвојат десетици милиони евра годишно. Дополнително, со ваква образовна новина се воведува дискриминација и нееднаквост помеѓу учениците во нивната најрана возраст.

Министерке Царовска, одважете се и постапете согласно барањата на јавноста. Тоа треба да биде ваш приоритет, а не добивањето партиска функција во СДСМ.

Јавноста ја процени вашата ароганција и желба на сила да ги донесете законските измени, но ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на експерименти над децата! ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на дискриминацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на укинување на учебниците, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот