ВИДЕО: Мируваа мрежите на Челси и Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Ian Walton/POOL

Денеска во дербито на 26 коло во Премиер лигата на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон немаше голови на натпреварот Челси-Манчестер јунајтед (0:0). Реми кое повеќе не им одговара на „црвените ѓаволи“ кои сега 12 бода се оддалечени од водечкиот Манчестер сити.

Составот на Оле Гунар Солскјер имаше подобри шанси во текот на првото полувреме, Рашфорд се закани, но Менди беше подготвен за неговиот удар. Една контроверзна ситуација видовме во 14 минута, главниот судија преку ВАР го проверуваше спорниот момент, и на крајот беше донесена одлука дека Хадсон Одои не играше со рака во својот шеснаесетник.

Вториот дел беше уште подинамичен, Зијеш во 49 минута беше во можност да реализира, но не успеа да ја затресе мрежата на Де Геа. Јунајтед повторно се закани преку Рашфорд, а се обиде и МекТоминеј, но во последен момент одбрани Менди. Фред исто така беше во шанса да постигне гол во 68 минута, пет минути подоцна одличен шут имаше Ковачиќ, но и Де Геа блескаше на спротивната страна.

Опасна шанса беше видена во 83 минута кога Џејмс испрати одлична топка кон Вернер, но Линделоф реагираше пред Германецот. Фред одново се обиде, но на крајот мрежите на двете страни останаа незатресени.

Претходно во оваа рунда се одигра и мечот Тотенхем-Барнли (4:0), во овој триумф Бејл двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Кејн и Лукас.

ВИДЕО: Aрсенал со пресврт го изненади Лестер сити!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот