ВИДЕО: Мирчевски стрелец, ТСЦ Бачка Топола во трка за Европа

мирчевски
фото: facebook.com/fktsc

Екипата на ТСЦ Бачка Топола оствари важен триумф во борбата за една од позициите кои водат на европската сцена.

Во најсилниот српски шампионат триумфираше ТСЦ со резултат 2:0 против составот на Напредак.

Македонскиот интернациоалец Мартин Мирчевски го постигна првиот гол на тимот во 57 минута за 1:0, а само 120 секунди подоцна предноста ја зголеми Бањац.

Тоа е трет гол за нашиот играч во 11 настап сезонава, претходно беше стрелец на два погодоци против Чукарички.

ТСЦ е на шестата позиција со 48 бодови, исто толку има и и четвртопласираниот Вождовац, а четвртата позиција обезбедува место во квалификациите за Лигата на конференции.

Во следното коло ривал на Мирчевски ќе биде Раднички Ниш, моментно петтопласиран со 48 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот