ВИДЕО: Мирчевски пред трансфер во редовите на Фенербахче!?

мирчевски академија пандев
Мартин Мирчевски, најдобриот стрелец на Академија Пандев и во најсилното фудбалско првенство во Македонија/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Мартин Мирчевски, најдобриот стрелец по есенскиот дел во Првата македонска лига (16 голови), играчот на Академија Пандев има понуда од Турција.

Најновите информации велат дека 24-годишниот играч е на „радарот“ на турскиот фудбалски гигант Фенербахче.

Новинарот Арда Бирден известува дека менаџерот на Мирчевски утре (четврток) треба да биде во Истанбул и да преговара за можен трансфер.

Фенер сезонава е далеку од освојување на титулата во турскиот шампионат, моментно после 23 кола е на петтата позиција со 37 бодови, дури 17 помалку од водечкиот Трабзонспор.

На „Јутјуб“ веќе има и објавено неколку видео записи од Мирчевски во кои се најавува евентуалното добредојде во Фенербахче со неговите неверојатни вештини на терените.

Видео на денот