ВИДЕО: Миовски официјално во дресот на шкотскиот Абердин

Бојан Миовски четири години ќе биде дел од Абердин/Фото: Принтскрин/Aberdeen Football Club/Youtube

Пред шест дена шкотскиот фудбалски клуб објави дека негов нов играч е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Нашиот напаѓач се согласи да потпише договор на четири години со Абердин кој настапува во шкотската Премиер лига.

Миовски им се придружи на своите нови тимски колеги во Шпанија каде течат подготовките пред почетокот на новата сезона.

Се сретна со новиот менаџер Џим Гудвин, крена шал со клупските бои, а потоа и официјално го облече дресот на Абердин.

Досега ги бранеше боите на МТК со кој не успеа годинава да обезбеди опстанок во најсилното првенство на Унгарија.

Сега Миовски треба уште да помине и низ бирократската процедура за добивање виза и работна водзвола во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот