ВИДЕО | Милошоски: Нашиот хендикеп во однос со Бугарија е немањето консезус дома

Се надевам дека на денешната расправа на Комисијата за надворешни работи ќе биде присутен министерот Бујар Османи затоа што тоа не е лично желба на еден министер туку е законска обврска. Во нормалните демократии не мора со протести и притисок од јавноста да издејствувате министер да се појави во парламентот туку доволно е самиот министер или Владата да има чувство на одговорност дека пратениците се избрани од граѓаните токму за да ја контролираат и прашуваат власта како работи, изјави за УБ пратеникот од редповите на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски.

– За вакви крупни прашања како што се евроинтеграциите , блокадите од страна на Бугарија и злоупотребата на договорот за добрососедство и пријателство сметам дека Владата требаше многу порано да отвори дискусија во Собранието за македонското Собрание да изгради една заедничка позиција. Она што го има Бугарија, заедничка позиција за националните прашања за жал Македонија го нема заради неспособноста на власта да изгради консензус. Тоа сметам дека е нашиот хендикеп во односот и со Бугарија но и во евроинтеграциите, изјави Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот