ВИДЕО: „Милионерите“ ја прекинаа серијата порази, моќна претстава на Баерн

epa08975406 Dortmund's Jadon Sancho (L) scores the 2-1 lead during the German Bundesliga soccer match between Borussia Dortmund and FC Augsburg in Dortmund, Germany, 30 January 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Екипата на Борусија Дортмунд по два порази по ред, конечно победи во Бундеслигата. „Милионерите“ со 3:1 го совладаа Аугсбург иако почетокот на натпреварот не ветуваше.


Гостите поведоа уште во 10. минута преку Хан, а Ерлинг Халанд во 21. минута не го реализира пеналот за Борусија. Сепак, пет минути подоцна Дилејни израмни на 1:1,а Џејдон Санчо во 63. минута донесе пресврт. Победата беше заверена со автоголот на Удокаи.
Актуелниот шампион Баерн Минхен со 4:1 го совлада Хофенхајм и ја зголеми предноста на табелата на 10 бода пред Лајпциг кого го очекува дерби пресметка со Баер Леверкузен.

Гол серијата ја отвори Боатенг во 32. минута, а во финишот на првиот дел паднаа уште два гола, прво Милер зголеми на 2:0, а Крамариќ го постигна единствениот гол за гостите.
Во второто полувреме, баварците постигнаа уште два гола преку Левандовски и Гнабри.
Сигурен настап на домашен терен имаше и Ајнтрахт кој со пресврт ја совлада Херта со 3:1.
Гостите од Берлин поведоа преку Пјатек во 66. минута, но домашниот тим со двата гола на Силва и на Хинтерегер дојде до победа и три бода со кои се искачи на третото место на табелата.

Резултати:
Баерн – Хофенхајм 4:1
Борусија Д. – Аугсбург 3:1
Ајнтрахт – Херта 3:1
Унион Берлин – Борусија М. 1:1
Вердер – Шалке 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот