ВИДЕО: „Милионерите“ го промовираа Баерн во шампион на Бундеслигата

epa09185594 Dortmund's Jadon Sancho (2-R) scores the 3-2 goal during the German Bundesliga soccer match between Borussia Dortmund and RB Leipzig in Dortmund, Germany, 08 May 2021. EPA-EFE/MARTIN MEISSNER / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Борусија Дортмунд славеше во дербито на 32 коло во Бундеслигата против Лајпциг со 3:2, а најсреќен од овој резултат е Баерн Минхен кој е промовиран во шампион на две кола до крајот на сезоната.
Баерн има седум бода предност пред Лајпциг, а згота на тоа има и натпревар помалку, па по деветти пат по ред ја освојува титулата во Бундеслигата.


Победата беше императив за Борусија Дортмунд и со трите бода се искачи на четвртото место со 58 бодови, два повеќе од Ајнтрахт кој има и натпревар помалку.
„Милионерите“ поведоа со 2:0 со головите на Марко Ројс во седмата и на Џејдон Санчо во 51 минута, по што Лајпциг успеа да дојде до израмнување. Клостерман во 63. и Дани Олмо во 77. минута ја вратија резултатската неизвесност. Сепак, Борусија која на овој натпрвеар играше без Ерлинг Халанд, на три минути до крајот успеа да дојде до победата благодарение на голот на Санчо.
Важна победа во трката за пласман во ЛШ оствари и Волфсбург кој со 3:0 го совлада Унион Берлин и остана на третото место на табелата.  Јунак на домашниот тим беше Јосип Брекало кој постигна хет-трик.

Резултати:
Борусија Д. – Лајпциг 3:2
Хофенхајм – Шалке 4:2
Вердер – Баер Л. 0:0
Волфсбург – Унион Берлин 3:0

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот