ВИДЕО | Милевска: Молкот на претседателот на Европскиот совет околу нон-пејперот на Јанша е многу загрижувачки

Најголемиот проблем е што во Брисел никој ништо не кажува за нон-пејперот на Јанша. Јас пратив прашање до портпаролите за тој нон-пејпер и прва реакција беше, да потврдуваме дека постои нон-пејперот. За полмалку од половина час подоцна да се јави главниот портпарол во групата да каже дека немаат добиено таков нон-пејпер. Од тој момент се јави главниот сомнеж меѓу новинарите во Брисел. Од тогаш секојдневно инсистираме за некој коментар или барем потврда. И натаму никој го потврдува, ниту го демантира. Се додека останува тој сомнеж, додека никој јасно не го демантира тој нон-пејпер, не може никој да поверува дфека тој не постои, изјави во Утрински брифинг новинарката и дописничка на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Тања Фајон од социјаледемкратите реагираше одма, реагираше и Ирена Јовева од либералите. Секако како новинари мора да имаме на ум дека можеби во прашање се внатрепартиски игри помеѓу словенечките политичари, но без разлика таа потврда или демант мора да стигне од Брисел, затоа што Шарл Мишел, претседателот на Европскиот Совет, е тој кој што наводно го добил. Не знаеме дали од Јанша го добил, дали можеби Орбан му го предал. Ова не е првпат да излезат вакви идеи за прекројување на границите. Ова се идеи кои кружат одамна. Молкот на Брисел, молкот посебно на претседателот на Европскиот совет е многу загрижувачки, вели Милевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот