ВИДЕО | Милевска: Идејата на ковид-сертификатите е да се отворат границите, но нејаснотиите околу нивната примена остануваат

Предлогот за воведување таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на Европската Унија, кој ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Наведената причина е тоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на Европската Унија.

-Од Европската унија инсистираат да не се нарекуваат пасоши туку сертификати. Како што се говори, се очекува да бидат тоа сертификати кои ќе ги одобрува само вакцините кои што се одобрени од ЕМА и тука мислам дека ќе има ако не правен, туку политички спор во најмала рака, изјави во Утрински брифинг дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

-Од тоа што се знае сертификатот ќе го има и во дигитална форма и на хартија. Она што ЕК цело време го повторува е дека сертификатот ќе ги почитува правилата за заштита на личните податоци, вели Милевска.

-Идејата е да се отворат границите, тоа е самата идеја на сертификатите, но доколку не ги прифатат другите вакцини кои се прифатени од ЕУ, прашање како мислат да ги отворат границите. Веројатно за земјите од Балкан ќе треба и понатаму ПЦР тест, карантин, смета таа.

-Унгарија ги одобри руските вакцини, така што во самата ЕУ е прашање како ќе го реши овој проблем кога и самите земји членки на ЕУ користат вакцини кои не се препорачани од ЕМА, вели Милевска.

Разговорот погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот