ВИДЕО: Милан спасуваше реми против Верона

epa08808883 AC Milan's Zlatan Ibrahimovic (L) scores the 2-2 goal during the Italian Serie A soccer match AC Milan vs Hellas Verona at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 08 November 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Екипата на Верона продолжува со изненадувањата во натпреварите против фаворитите и по ремито со Јувентус, сега одигра нерешено (2:2) и со лидерот на табелата Милан.

Играчите на Верона успеаја да ги издржат бројните напади на „росоњерите“, го преживеаја и шутот од белата точка на Златан Ибрахимовиќ и на крајот ја испуштија победата.

Гостинските фудбалери по само 19. минути игра на „Сан Сиро“ имаа предност од 0:2. Прво Барак го отвори резултатот во шестата минута, а 13. минути подоцна Калабрија си постигна автогол.

Играчите на Милан брзо се созедоа од шокот и во 27. минута намалија на 1:2 благодарение на автоголот на Мањани. Во второто полувреме, Милан тргна во тотална офанзива, во 65. минута имаше одлична можност да израмни откако Френк Кеси изнуди пенал но Ибрахимовиќ ја шутна топката над пречката.

Десет минути подоцна Ибрахимовиќ постигна гол, но ВАР-технологијата го поништи бидејќи напаѓачот играше со рака. „Росоњерите“ продолжија со нападите и тоа им се исплати во последните моменти од натпреварот кога упорниот Ибрахимовиќ конечно се запиша во листата на стрелците.

И покрај ремито, по седум кола Милан остана лидер на табелата со 17. бода, два повеќе од изненадувањето Сасуоло, додека на делба на третото место се наоѓаат Наполи и Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот