ВИДЕО: Милан ќе преноќи на врвот на табелата во Серија А

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Милан во драматичен натпревар од деветтото коло во Серија А како гости ја совладаа Болоња со 2:4 и барем на 24 часа ќе биде на чело на табелата со 25 бода, еден повеќе од Наполи кој утре и гостува на Рома.

Од друга страна, Болоња го доживеа третиот пораз сезонава и остана на деветтото место на табелата со 12 освоени бодови.

„Росонерите“ поведоа во 16. минута со голот Рафаел Леао по додавањето на Златан Ибрахимовиќ. Само четири минути подоцна, нови проблеми за Болоња бидејќи Адама Сумаро доби црвен картон по прекршокот над Раде Круниќ. Милан на одмор замина со предност од 0:2 по голот на Калабрија.

На стартот од второто полувреме, ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ и ја врати надежта на Болоња со автоголот во 49 минута. Само три минути подоцна успеа да измрани на 2:2 со голот на Муса Бароу.

Но, во 58. минута, нов шок за домашните играчи, Соријано грубо стартуваше над Туре по што судијата во консултација со ВАР му додели црвен картон на фудбалерот на Болоња.

Предноста од двајца играчи повеќе, „Росонерите“ ја искористија во финишот, прво Бенасер погоди за 2:3, а Ибрахимовиќ во последната минута од натпреварот го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот