ВИДЕО: Милан ја заборави „Старата дама“, шампионски амбиции на „Сан Сиро“!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска во рамките од 17 коло во најсилната италијанска Серија А Милан ја оправда фаворитската улога против Торино (2:0).

После првиот пораз сезонава минатото коло од актуелниот шампион Јувентус (1:3), Милан им се врати на победите и повторно фокусиран на главната цел, освојување на Скудетото.

На својот стадион „Сан Сиро“ во Милано играчите на тренерот Пиоли дојдоа до победата во првото полувреме со погодоците на Леао и Кесје од пенал.

Вреди да се истакне и моментот дека на теренот се врати и Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот не играше во претходниот период поради повреда.

На табелата „росонерите“ се на првата позиција со 40 бодови, додека „биковите“ остануваат во опасната зона за испаѓање од лигата, на претпоследното 19 место со 12 бодови.

Да додадеме уште дека Џенова беше подобра од Болоња (2:0), македонскиот репрезентативец Горан Пандев повторно не беше во домашниот состав поради повреда, а Аталанта со 1:4 го совлада Беневенто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот