ВИДЕО: Милан ја урна Аталанта на „Сан Сиро“, Интер мора да го освои Каљари

„Росонерите“ чекаат 11 години за ново Скудето/Милано, Италија/15 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан ја совладаа Аталанта на домашен терен со 2:0 во натпреварот од претпоследното 37 коло во Серија А.

Играчите на Стефано Пиоли уште денеска може да ја слават шампионската титула доколку Интер не слави вечерва на гостувањето кај Каљари (20.45 часот).

Навивачите на Милан го чекаат Скудетото цели 11 години, па не е чудно што интересот за овој меч беше огромен. Толку голем што клубот доби 200.000 барања за билети, но само 80.000 среќници на „Сан Сиро“ можеа да ја гледаат важната победа на „росонерите“ во живо.

Моментно во генералниот пласман води Милан со 83 бодови, пет повеќе од „нераѕурите“. Доколку тимот на Симоне Инзаги триумфира против Каљари, тогаш сè ќе се решава во последното 38 коло.

На стадионот „Сан Сиро“ немаше голови по првото полувреме, но во второто домашните навивачи ги израдуваа Леао и Хернандез со голови во 56, односно 75 минута.

ВИДЕО: „Грацие капитано“, Инсиње на убав начин се збогуваше со навивачите на Наполи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот