ВИДЕО: Милан ја продолжува трката за титулата со градскиот ривал

epa09059652 Milan players celebrate after winning the Italian Serie A soccer match between Hellas Verona and AC Milan at the Marcantonio Bentegodi stadium in Verona, Italy, 07 March 2021. EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Фудбалерите на Милан славеа со 0:2 на гости кај Верона во рамки на 26. коло во Серија А.

„Росонерите“ со победата ја продолжија трката за шампионската титула со Интер откако дојдоа го важна победа на гости кај Верона иако тренерот Стефано Пиоли не можеше да смета на Ибрахимовиќ, Манџукиќ, Ребиќ и Ернандез.


Со новите три бода, Милан остана на второто место на табелата со 56. бода, три помалку од лидерот Интер кој има и натпревар помалку.
Резултатот го отвори Раде Круниќ во 27. минута со гол од слободен удар, а водството на Милан го зголеми Диого Дало на стартот од второто полувреме. Ова беше прв гол за младиот Португалец во Серија А.

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Парма заврши без победик 3:3 откако домашниот тим постигна гол во четвртата минута од судиското продолжение. „Виолетовите“ поведоа во 28. минута преку Мартинез, но само три минути подоцна Куцка израмни. На одмор се замина со предност на Фиорентина откако Миленковиќ во 42. минута ја затресе мрежата за гостите. Во второто полувреме, Парма со головите на Куртиќ во 72. и Михаила во 90. минута направи пресврт но и тоа не беше доволно за победа.
Јакопони во 94. минута постигна гол и донесе бод за Фиорентина.

Екипата на Кротоне со 4:2 го совлада Торино и ја прекина серијата од седум порази по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот