ВИДЕО: Милан ја продолжува трката со градскиот ривал во Серија А

Милан дојде до четвртата победа во петтото коло во Серија А/Милано, Италија/22 септември 2021 година/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Екипата на Милан продолжува со одличните игри на стартот од Серија А и во петтото коло ја оствари четвртата победа.

Последна жртва на „росонерите“ е Венеција која е совладана со 2:0 по што екипата се измрани на врвот на табелата со градскиот ривал, и двете екипи имаат по 13 бодови.

Човек на одлука беше Тео Ернандез кој прво во 68 минута му асистираше на Брахим Дијаз при првиот гол, за во 82. минута да го постави конечниот резултат.

Со идентичен резултат славеше и Емполи, но на гостински терен и тоа против Калјари. Прво Ди Франческо во 29 минута го отвори резултатот, а потоа Стулац во вториот дел го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот