ВИДЕО: Милан или Интер, титулата во Серија А ќе се решава во последното коло

Интер треба да продава играчи за да ги балансира финансиите/Фото: EPA-EFE/Fabio Murru

Вечерва Интер во претпоследното 37 коло мораше да оди на победа против Каљари за да остане во игра за Скудетото. По победата на најголемиот конкурент за титулата во Серија А, Милан, против Аталанта, играчите на Симоне Инзаги не смееја да си дозволат кикс.

„Нераѕурите“ триумфираа на гостувањето во Каљари со резултат 1:3 за вкупно 24 победа сезонава во најсилното италијанско првенство.

Во првото полувреме за гостите водство донесе Дармијан по асистенцијата Перишиќ во 25 минута од средбата. На стартот од вториот дел предноста ја зголеми Мартинез (51`), а само 120 секунди подоцна домаќините за момент ги вратија надежите преку Ликојанис во 53 минута..

Сите дилеми околу победникот ги реши Мартинез во 84 минута, а за Аргентинецот тоа беше 21 погодок во шампионатот. На табелата Милан води со 83 бодови, два повеќе од Интер на втората позиција.

Во своите последни натпревари, Милан на 22 мај ќе му гостува на Сасуоло, а истиот ден Интер ќе ја пречека Сампдорија.

Доколку двата тима на крајот имаат ист број бодови, Милан ќе биде прогласен за шампион бидејќи е подобар во меѓусебните дуели против градскиот ривал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот