ВИДЕО: Милан го освои Рим, „росонерите“ не се откажуваат од Скудетото

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Вечерва во дербито на „Олимпико“ во Рим екипата на Милан со резултат 1:2 успеа да ја совлада Рома во рамките од 24 коло во Серија А.

Пред крајот на првото полувреме „росонерите“ стекнаа предност со погодокот на Кесје кој беше прецизен од белата точка.

На стартот од вториот римската „волчица“ израмни благодарение на голот на Верету по додавањето на Спинацола.

Осум минути подоцна Милан дојде до три важни бода со голот на Ребиќ, негов вкупно петти сезонава во шампионатот. На табелата Милан е втората позиција со 52 бодови, четири помалку од водечкиот Интер.

Да додадеме уште дека Наполи на домашен терен го совлада Беневенто со 2:0, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за клубот од Неапол настапи од 82 минута како замена за Мертенс.

ВИДЕО: Несторовски е херојот на Удинезе, стрелаше за триумф над Фиорентина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот