ВИДЕО: Милан ги освои трите бода во Бергамо

„Росонерите“ заедно со Наполи и ИНтер се единствени екипи во Серија А кои немаат пораз/ фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Фудбалерите на Милан во последниот натпревар од седмото коло во Серија А во Бергамо ја совладаа Аталанта со 2:3.

„Росонерите“ кои имаат 19 бодови заедно со Наполи кој пак има максимален ефект и шампионот Интер се непоразени во Серија А.

Милан поведе уште во првата минута со голот на Давиде Калабрија, а во финишот од првиот дел Сандро Тоноли со голот за 0:2 ја најави победата. Дилемите околу победникот беа решени во 78. минута кога Рафаел Леао зголеми на 0:3.

Единствено што успеаја да направат играчите на Аталанта до крајот на средбата беше да го ублажат поразот со головите на Дуван Запата во 86. и на Марио Пашалиќ во 93. минута.

Видео на денот