ВИДЕО: Милан без европска пролет, Атлетико ќе игра во нокаут-фазата на ЛШ

„Росонерите“ во клучниот меч на „Сан Сиро“ загубија од Ливерпул/Милано, Италија/7 декември 2021/Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Вечерва највозбудливо беше во последното шесто коло во групата „Б“ каде што три екипи се бореа за место во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Милан едноставно мораше да го добие мечот или барем не загуби против Ливерпул, но се случи спротивното. На „Сан Сиро“ играчите на Јирген Клоп уште еднаш ја потврдија доминацијата, ја забележаа и шестата победа славејќи со 1:2.

Италијанците добро започнаа со голот на Томори во 29 минута, но „црвените“ од Енфилд направија пресврт преку Салах и Орижи. Овој пораз на „росонерите“ го искористи Атлетико Мадрид кој славеше во Португалија над Порто (1:3), во меч кој што имаше и дури три црвени картони.

Стрелци на головите за „јорганџиите“ беа Гризман во 56 минута, Кореја во 90 и Де Пол во 92, а кај домаќините Сержио Оливеира беше прецизен од пенал.

На конечната табела Ливерпул на врвот освои максимални 18 бодови, пред Атлетико Мадрид со седум, трет заврши Порто (пет) кој ќе игра во Лига Европа, а Милан четвртопласиран со четири бодови и остана без Европа.

Во групата „Ц“ веќе беше познато дека Ајакс и Спортинг се осминафиналисти во ЛШ, а Борусија Дортмунд се сели во Лига Европа.

На последните дуели Ајакс без грешка, со шест максимални победи ја заврши групната фаза, славеше и над Спортинг со 4:2, а „милионерите“ од Дортмунд пред своите навивачи ја наполнија мрежата на Бешикташ (5:0).

На конечната табела Ајакс освои 18 бодови, пред Спортинг со девет (колку и Дортмунд), но Португалците одат понатаму поради подобрата гол-разлика, а турскиот Бешикташ не освои ниту еден бод.

ВИДЕО: Николов со гол во Лигата на шампионите, стрелаше за реми против Шахтјор

ВИДЕО: ПСЖ го растажи Клуб Бриж, Лајпциг ќе игра во Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот