ВИДЕО: Мигрантите во БиХ спасија жена од сигурна смрт

Група мигранти во БиХ спаси една жена од давење во четвртокот, извлекувајќи ја од надојдената река Кладушница, недалеку од Велика Кладуша, пренесоа денес локалните медиуми.

Првата група мигранти во БиХ сместена во воени шатори во кампот Липа

Портпаролот на полицијата од Унско-санскиот кантон, Але Сијдедиќ истакна дека полицијата добила дојава од една жена дека телото на жената било забележано како плови на реката, но дека мигрантите кои се нашле во областа успеале да го извлечат телото на брегот.

„Ова е убава приказна за луѓето кои можеби немаат ниту сместување на овој студ, а некои од нив влегоа во студената река и ја спасија жената“, рече Сијдедиќ.

Тој посочи дека треба да им се даде признание на спасувачите кои се осмелија да влезат во реката Кладушница.

Во близина на границата меѓу Хрватска и БиХ: Стотици мигранти почнаа штрајк со глад

Во БиХ во моментов има меѓу 7.000 и 9.000 мигранти. Повеќето од нив се наоѓаат во Унско-санскиот кантон и Сараево, недалеку од границата со Република Хрватска.

Голем број локални политичари и граѓани во БиХ сакаат да ги протераат мигрантите. Некои дури повикуваа на линч, сметајќи ги како товар и безбедносен проблем.

ВИДЕО: БиХ е пред хуманитарна катастрофа, жителите на Брадина повикуваат на линч и го блокираат влезот на касарна каде треба да бидат сместени мигранти

Ситуацијата е особено тешка во Унско-санскиот кантон, каде што голем број мигранти и бегалци живеат на отворено, на температури кои се спуштаат до минус 15 степени во текот на ноќта.

Нивното сместување и решавање на оваа хуманитарна криза е скоро исклучиво финансирано од Европската унија, која досега издвои 88 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот