ВИДЕО: Мигранти бегаат од пренатрупан камп на италијанскиот остров Лампедуза

Италијанскиот остров Лампедуза, со секојдневев наплива на мигранти кои преку морето доаѓаат од Африка е вистински хаос. Стотина мигранти побегнаа од преполниот камп, прескокнувајќи ги високите огради и пробивајќи ги барикадите. Тие се судрија со полицијата, локалното население, но и меѓусебно, што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи, пишува Нова.рс.
🚨 FLASH – Italie : des milliers de migrants ont envahie Lampedusa.#Lampedusa #Lampeduza pic.twitter.com/Kqgb1dQCbg
— Flash Info Actu (@FlashInfoActu) September 15, 2023
Персоналот на итната помош неуспешно се обиде да ги спречи мигрантите кои бегаат. Најмалку стотина од нив ја преминале оградата на прифатниот Центар, каде има повеќе од илјада луѓе, а најмалку еден полицаец е ранет, јави италијанската новинска агенција Анса, пренесува N1.
Преполниот центар го обезбедувале околу 20 полицајци, додава агенцијата.
Градоначалникот на јужниот пристанишен град Порто Емпедоклес изјави дека мигрантите побегнале од кампот поради лошите услови. „Тие не побегнаа од овде за да одат на друго место, туку да бараат храна и пијалок“, изјави градоначалникот Калогеро Мартело. Условите ги нарече нехумани и побара поддршка од владата во Рим. Покрај илјадниците луѓе кои пристигнаа на островот Лампедуза минатата недела, повеќе од 1.000 се испратени на Сицилија во засолниште.