ВИДЕО: Мидлтон ја врати предноста на Милвоки
Милвоки бакс како гостин со 113:102 ја совлада Атдланта хоукс и поведе со 2:1 во победи во финалето на Источната конференција.
Атланта повторно подобро го отвори натпреварот и во првата четвртина изнесуваше 15 поени, но кошаркарите на Милвоки возвратија во втората четвртина и ја вратија резултатската неивесност.
Третата четвртина помина во израмнета игра, за победникот да биде одлучен во последната четвртина четвртина. Атланта на седум минути до крајот имаше предност од 95:88 по што следеше серија на Милвоки од 15:3 и тоа благодарение на Крис Мидлтон со што беше одлучен победникот. Мидлтон даде дури 20 од своите 38 поени во последната четвртина.
Khris Middleton tonight:
38 PTS
11 REB
7 AST
6 3PT
15-26 FGThis is the 2nd time ever a Bucks player had a 30/10/5/5-three playoff game. The first time was also Khris Middleton. pic.twitter.com/eba0TdL2ET
— StatMuse (@statmuse) June 28, 2021
Покрај Мидлтон кој беше најефикасен на натпреварот, во редовите на Милвоки се истакна и Јанис Адетокумпо со 33 поени и 11 скокови, додека кај Атланта вообичаено прво име беше Тре Јанг со 35 поени.