ВИДЕО | Мицкоски: Тоа што Бучковски преговара со Бугарија е вовед во ново апокалиптично сценарио

Продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски на денешниот протест.

-Во март месец предупредувавме дека меморандумот кој што беше донесен во Бугарскиот парламент ќе биде составен дел од преговарачката рамка.  Но, за жал и тогаш од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Зоран Заев бевме убедувани дека тоа не е вистина, дека тоа се лажни вести итн. Ќе продолжам, оваа година јас лично предупредив дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и соседна Бугарија, од нашиот министер е побаран нов договор, или Анекс кон договорот или некој документ кој што ќе има нова правосилна рамка и ново правосилно значење. Исто така бев брутално навредуван од страна на Зоран Заев и од Бујар Османи и на Никола Димитров дека тоа се лажни вести, дека тоа не е вистина итн. Но, излезе дека сето тоа било точно и дека сме биле во право- рече Мицкоски.

Целата изјава на лидерот Христијан Мицкоски проследете ја во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот