ВИДЕО | Мицкоски: Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија

Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој процес и изградба на национален консензус за ова прашање, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вечерва пред Владата.

Став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, водејќи се од државните и националните интереси на македонскиот народ и македонските граѓани. Имајќи ја во предвид стратешката определба на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и останатите за интеграција на Македонија во ЕУ, предизвикани од неспособноста на актуелната власт да ги реализира националните интереси и стратешките определби и свесни за значајноста на историскиот моментум наспроти тајноста, нетранспарентноста на процесот кој што води актуелната Влада и исклучувањето од истиот на сите политички и научни фактори, Коалицијата „За обнова на Македонија“ на заедничкиот состанок одржан на 16 –ти ноември 2020-тата година во Скопје донесе заклучок и ги усвои следниве ставови:

  1. Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!
  2. За коалицијата – македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.
  3. Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.
  4. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.
  5. Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.

На средбата потенцираше Мицокоски, се истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историската организација ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заедничка европска иднина. Сите останати партии од Коалицијата „За обнова на Македонија“ се придружија и цврсто го поддржаа овој став.

-Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој процес и изградба на национален консензус за ова прашање. Во спротивно ќе се соочи со судот на народот, историјата и правдата. Врз основа на горенаведеното и цврсто опстојувајќи на истото Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја повикува Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, туку напротив да ја поддржи истата и на тој начин да покаже вистинско пријателство помеѓу граѓаните на двете држави- рече  Мицкоски.

Коалицијата „За обнова на Македонија“, истакна Мицкоски, апелира до пријателите и сојузници од Европската Унија, европската јавност и политичари да се вложат во отворање на пристапни преговори за членство во Европската Унија на Македонија и да им овозможат на македонските граѓани од сите етникуми да ја добијат европската перспектива и иднина кои што одамна ја заслужија со повеќедецениски дела и залагања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот