ВИДЕО | Мицкоски: За да добијат тендер повеќе, ДУИ и СДСМ разгоруваат етнички тензии

Христијан Мицкоски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Парламентарните избори не сакам да ги коментирам бидејќи тоа беше брутална злоупотреба на здравјето на граѓаните во насока на политички бенефит на коалицијата на власт. И веќе конечно на овие локални избори покажавме карактер, покажавме од каков материјал сме направени, успеавме да рекоструктуираме партијата, можам да кажам имаме 90% нова пратеничка група, мандатот на луѓето е за првпат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на телевизија Клан.

– Нормално тука и неколкумина пратеници кои што имаат сериозен придонес во изминатиов период во рамките на пратеничката група да пренесат искуство на институционална меморија. Имаме комплетно нова генерација градоначалници 22 во Македонија, коишто најголемиот број од нив повеќе од 90% од нив се за првпат градоначалници. Имаме комплетно нова генерација советници ширум Македонија, имаме комплетно нова структура во рамките на општинските комитети, во рамките на комисиите на партијата, структурата кај младите, ветераните, жените, патриотскиот институт. Ние имаме една комплетна реформа, направивме сеопфатно во партијата, вели тој.

Мицкоски се осврна и на тензиите кои ги подгреваат ДУИ и СДСМ за да добијат по некој тендер повеќе.

– Сите ние имаме една заедничка мака, а тоа е дека лошо живееме. Нѐ крадат политичари коишто за да добијат некој тендер повеќе, за да добијат некој денар повеќе во нивниот џеб од некои квази бизнисмени, подготвени се да ги злоупотребат чувствата на граѓаните без разлика на каква етничка припадност припаѓаат, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради тоа тој им вели на граѓаните дека е време да се обедини народот во Македонија и да се споделат вредности – социјални, економски, образовни, здравствени, за да се направи Македонија подобро место за живеење.

– Мора овие коишто ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во етнички контекст да заминат во политичка пензија, и да дојде времето кога космополитите на политичката сцена, луѓето коишто се за обединување, ќе ја преземат иницијативата во свои раце и ќе обезбедат подобар живот за граѓаните, заклучи Мицкоски.

Таравари обвинува: По 31-ви октомври ќе објавиме снимки, факти и аргументи дека има многу неважечки листови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот