ВИДЕО | Мицкоски: СДСМ нема програма, влече очајнички потези

Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Од власта немаат ниту план, ниту програма. Направиле флаери со истите ветувања од пред четири години и мислат дека народот пак ќе го прелажат. Но, на овие избори и покрај сите притисоци и закани за кои слушнав, и покрај бруталниот поткуп, според сите анкети и бројки СДСМ убедливо ќе изгуби. Тоа го знае и Заев и тие околу него, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Крива Паланка.

Според Мицкоски, власта се плаши од пораз и затоа влече очајнички потези.

– Вистинското прашање е зошто Заев поткупува четири дена пред изборите, а вистинскиот одговор на ова е, затоа што се уплашени, затоа што ако навистина веруваат тоа што го кажуваат дека се најдобри и дека ќе ги победат изборите не им треба поткуп, ама знаат дека на народот му е преку глава од овие криминалци и измамници, укажа Мицкоски.

Тој обвини дека Заев доделува државна помош на компании блиски до власта.

– Спротивно на Законот, на седница на Влада Заев доделува државна помош на 160 компании, внимателно одбрани, претежно блиски до власта, на кои ќе им истури неколку десетици милиони евра на само четиир дена пред избори, мислејќи дека овие сопственици на компаниите ќе ги земат овие пари и ќе ги убедат вработените и нивните семејства да гласаат за Љупчо Николовски, Зоран Заев и СДСМ. Пред некој ден објавивме видео снимка каде носат црни вреќи во Битола. Вадат од брендираниот автомобил каде пишува најдоброто за вашата општина мислат дека ќе ги поделат тие пари и дека народот ќе им прости, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На митингот говореше и кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, Александар Рангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот