ВИДЕО | Мицкоски: Предложив премиер Албанец, го одбија Социјалдемократите и ДУИ

Христијан Мицкоски / Фото: СириТВ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за тиранската СириТВ изјави дека тој предложил премиер Албанец, но како што нагласи неговиот предлог бил одбиен. Според него, ДУИ и Али Ахмети сакаат да го имаат ексклузивитетот кај Албанците.

– Јас сум предложил еден Албанец да биде премиер. На прес конференција сум понудил г.Африм Гаши да биде премиер. Во тоа време Социјалдемократите и ДУИ одлучија да го одбијат мојот предлог. Главното прашање не е дали ќе го прифатиме ние или не, но зошто социјалдемократите го отфрлија мојот предлог? Можеби зошто Африм Гаши не е дел од ДУИ и дека според Али Ахмети и другите експоненти, ДУИ го има правото да ги приватизира интересите на Албанците во земјата. Би било добро овие прашања да ги поставите поинаку. Зошто ДУИ и Социјалдемократите не го прифатија мојот предлог Африм Гаши да станеше премиер?, нагласи Мицкоски.

Видео на денот