ВИДЕО | Мицкоски по средбата со Ахмети: Во преговорите со Бугарија да не се коленичи и да се покаже карактер

Христијан Мицкоски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека разговарале за две теми, за спорот со Бугарија, но и за предвремените парламентарни избори.

– На средбата со Али Ахмети генерално разговаравме на две теми, еден час траеше средбата. Првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде ги повторив нашите тези, принципиелниот став да се почитува резолуцијата усвоена од парламентот. Изразив загриженост од фактот дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата, изјави Мицкоски по средбата.

Мицкоски посочи дека цени оти треба да се напушти принципот, како што рече, „на коленичење и сервилност”.

– Треба да покажеме карактер и треба да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер. Тоа е мојата порака. Доста е веќе од понижување, доста е од срамови, народот е фрустриран. Многу остапки направи оваа 30-годишна независнот, а всушност уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече, другата тема на која разговарале се предвремените парламентарни избори.

– Имајќи ја предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро. Тој напомена дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, и како што рече, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот