ВИДЕО | Мицкоски: На овие избори да дадеме шанса на една поинаква и нова заедничка иднина

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На овие избори најдобро е да си верувате себеси и да донесете одлука која значи промени, давање на шанса да изградиме една поинаква и нова заедничка иднина, порача лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

– Сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните. Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки: НАТО – Попис – Честитки народе, итн. демек завршена работа. Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи. Па таа порака од власта чија намена е да се пофалат ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен, додаде Мицкоски.

Тој нагласи дека не сака да го релативизира тоа што сме членка на НАТО, но, како што рече, „тоа што фрижидерите на народот се празни е главната болка која сите нас нѐ тишти“.

– Тоа што инфлацијата го јаде семејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт постојано се полнат. Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умираа дневно, од власта токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини неколку пати поскапи од сите други, рече меѓу другото Мицкоски на митингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот