ВИДЕО | Мицкоски: Излегуваме на протест затоа што не се живее подобро

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Стадион“ на Канал 77, говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни, потенцирајќи дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.

Мицкоски посочи дека откако Ковачевски ја презеде Владата, „нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши“.

„Поминаа пет месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие пет месеци на Ковачевски, не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека е неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.

„Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски изјави дека Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува.

„Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ“, потенцираше Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот