ВИДЕО | Мицкоски: Додека Заев и Филипче се кикотат по митинзи, 60 % од хоспитализираните пациенти од ковид ни се починати

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Луѓе од ковид ни умираат најмногу споредено со сите други држави во светот. Над 60 проценти од хоспитализираните ковид-пациенти во земјава починале, и тоа е највисока стапка на смртност во светот на луѓе кои се лекувале во такви услови, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Злетово.

Мицкоски додаде дека во високоразвиените земји само 10 отсто од ковид-хоспитализираните пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.

– Во моментот бројката на починати е 7000 луѓе, повеќе од 7000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја, нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша, а што прават Филипче и Заев како првоповикани.

– Тие одат на митинзи и се кикотат, се смеат. Затоа народот на 31-ви жестоко ќе ги казни, нагласи Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот