ВИДЕО | Мицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите проблеми и маки

Христијан Мицкоски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од митингот во општина Карбинци, на кој беше помовирана програмата на кандидатот за градоначалник, Виктор Паунов, како и кандидатите за Советот на општината им се обрати и на земјоделците.

– Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија, луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнатна подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки, рече Мицкоски.

Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате. Ги повика да излезат на овие избори и да гласаат за промени од кои, како што рече, ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.

Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.

– Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери завршниот митинг пред изборниот молк го имаат вечерва во Штип. На градскиот плоштад „Слобода“ ќе се обратат кандидатот за градоначалник за Штип, Иван Јорданов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот