ВИДЕО | Мицкоски: Ако предлогот е добар, Владата веднаш да го објави, имаме информација дека нема разлика од претходниот

Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата.

„Барам веднаш, без криење, ако е добар толку овој предлог да го објави веднаш на нејзината електронска страница. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија“, рече Мицкоски.

Кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ, предлогот кој првично беше објавен беше отфрлен како ништовен за неговата партија.

„Ова е дебакл“, посочи Мицкоски. „Напоменуваме дека сето она што се случуваше изминатиот период од Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечатокз за голем триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство“, оценува тој.

Предлогот, како што вели Мицкоски, е апсолутно неприфатлив, во него „има сомнителни работи“ и се работи за „дипломатски нокаут“.

„Овој предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев. Во државата нема влада и парламент, за моменталниот мандатар и актуелниот претседател истиот овој модифициран предлог е одлично решение и веднаш го прифатија“.

„Се чудам од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и за македонскиот народ а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат? Од каде Рама ја има информацијата а ние со граѓаните ја немаме?“, праша Мицкоски.

Третата причина зашто сметам дека е нокаут, е зашто СДСМ и ДУИ имаат традиција на предавство, зато што предлогот го кријат наместо да ја запознаат јавноста“ додава Мицкоски.

Ни се подготвува асимилација, го повикувам народот на будност, немојте да верувате на тоа што ќе ви го кажуваат, барајте да го видиме документот на виделина“, дециден е Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот