Емили Ратајковски и Кети Пери / Фото: Инстаграм/Емили Ратајковски/Кети Пери

ВИДЕО | „Ми се гади!“: Емили Ратајковски ја искритикува мисијата која ја однесе Кети Пери во вселената

Шест познати жени влегоа во историјата вчера кога отпатуваа во вселената и се вратија на Земјата со првиот целосно женски вселенски лет од 1963 година.

Благодарение на мисијата на „Блу ориџин“, финансирана од основачот на „Амазон“ – Џеф Безос, екипажот се упати во вселената. Меѓу жените кои отпатуваа беа и пејачката Кети Пери и свршеницата на Безос, Лорен Санчез. Мисијата е своевиден прв чекор во вселенскиот туризам, а патувањето чини 150.000 долари. Ракетата само накратко отиде над површината на Земјата пред да се врати во Тексас.

Но, многу познати личности ја искритикуваа мисијата, вклучувајќи ја и манекенката Емили Ратајковски, која се обрати во видео објавено на платформата ТикТок.

„Ова е повеќе од пародија. Се грижите за Мајката Земја и одите во вселенски брод што е изграден и платен од компанија која буквално ја уништува планетата? Погледнете ја состојбата во светот и размислете колку ресурси се вложени за овие жени да отпатуваат во вселената. Зошто? Која е целта? И потоа се обидуваат да го прикажат тоа како… Ми се гади, буквално ми се гади“, рече таа.

@emrata♬ original sound – Emrata


За потсетување, покрај Пери и Санчез, во мисијата беа и новинарката Гејл Кинг, филмската продуцентка Каријан Флин, поранешнатаа научничка за ракети на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгуен.

По мисијата, социјалните мрежи беа преплавени со критики. Многу корисници на Икс се сомневаат во целта на нивното летот во вселената, нарекувајќи го нивното патување „бесрамно его патување за елитата“.

ВИДЕО | Се појави првото видео на Кети Пери од вселената: Пејачката покажа како лебдеше во бестежинска состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот