ВИДЕО | „Ми го спасивте животот“: Пред нејзиниот дом наишла на симболот „1F“, а потоа почнале да и пристигнуваат вознемирувачки пораки!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Џејд Џулс од Сент Џонс (Канада) им се заблагодари на своите следбеници на социјална мрежа „Тик Ток“ кои „и го спасија животот“, предупредувајќи ја дека чуден симбол испишан на снегот пред нејзината куќа значи дека може да биде цел на грабеж, киднапирање или трговија со луѓе.

Таа се збунила кога го видела симболот „1F“ испишан на снегот на капакот од корпата за отпадоци пред нејзината куќа, па го снимила и го објавила видеото на социјална мрежа, барајќи помош од нејзините следбеници. Многу брзо по нејзината објава, на нејзиниот профил започнале да пристигнуваат вознемирувачки пораки со предупредување дека тоа е симбол оставен од членовите на некоја банда пред куќите на жени кои живеат сами, така што другите што дејствуваат во оваа област ќе знаат дека се лесна цел за грабеж, трговија со луѓе или силување.

Што и да кажам ќе биде малку, благодарна сум на секој што ме коментираше и ме предупреди да внимавам и да не ја објавувам адресата. Моите следбеници ми го спасија животот – напиша Џејд.

На првото видео, кое го објави на социјалната мрежа на 12 јануари е снимка како се симнува по скалите и објаснува дека го видела симболот кога ја испразни корпата со отпадоци. Тогаш таа прашала: „Што треба да значи ова!?“

Видеото имало 12,6 милиони прегледи и повеќе од 40 000 коментари.

Следниот ден, таа објавила уште едно видео во кое ги известила своите придружници дека повикала полиција, но дека тие „не сториле ништо“.

Само дојдоа и го избришаа симболот. Ми рекоа да внимавам и да се скријам, ако имам безбедно место, да не бидам сама, кажува Џулс на видеото.

После тоа, таа заминала кај нејзината мајка и оттогаш не се вратила дома.

Умрев од страв. Отпрвин мислев дека е шега, но по сите тие коментари и пораки, дојде мајка ми по мене, споделила Џејд со своите следбеници, а притоа додала дека е безбедна и дека нејзината мајка ќе се пресели да живее со неа.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Симболите што ги пишуваат бандите се предмет на полициска дебата: некои администрации издадоа предупредувања, додека други ги отпишаа како непријатни шеги, пренесува „Daily mail“. Во 2015 година, локалната полиција во Ланаркшир (Шкотска) објави список со симболи на социјалните мрежи и нивните значења: од „соодветна цел“ до симбол во форма на цвет, што значи дека станува збор за „богат“ плен.

Во 2019 година, експертите за безбедност на компанијата „Savegarding Hub“ ја предупредија јавноста за симболите, потврдувајќи дека тие се легитимни, но дека тие „многу ретко“ се користат. И покрај тоа, тие ги советуваа сите што живеат со стари лица или болни или се грижат за нив да преземат посебни мерки на претпазливост доколку забележат необичен симбол пред нивниот имот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот