ВИДЕО | Метеорит удри во Месечината

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Метеор претставува светлосна појава што настанува со јонизација на атмосферата низ која поминува метеороидот. Метеорите обично се појавуваат во мезосферата, на височина од 75 км до 100 км над површината на Земјата. Сите метеори доаѓаат од орбити од околината на астероидниот појас. Ако метеорот го преживее минувањето низ атмосферата и падне на површината на некое небесно тело, се нарекува метеорит.

Даичи Фуџи, jапонскиот астроном и куратор на Градскиот музеј во Хирацука, снимил блесок на метеорит којшто се судира во Месечината. Ова се случило на 23 февруари, кога вселенското тело удрило близу кратерот Иделер Л.

Метеорите, во просек, се движат со брзина од околу 48.280 км/ч, па честопати при удар, поради големите брзини се создава интензивна топлина и настанува кратер, односно се случува еден вид експлозија. Таквите настани, доколку се доволно големи и се случат во текот на лунарната ноќ, на страна на Месечината свртена кон Земјата, се видливи за луѓето, објави порталот „Space“.

„Новосоздадениот кратер, веројатно, е со дијаметар од 10 метри и би можел да е снимен од Месечевиот извиднички орбитер на НАСА или индискиот „Чандрајаан 2“, изјави Фуџи.

Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат по влегувањето. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите коишто не би стигнале до површината на Земјата, обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов „украс“ во нејзината и онака живописна површина со кратери.

ВИДЕО | Космонаутите од „SpaceX“ пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

Новооткриен астероид може да удри во Земјата

ВИДЕО | Месечината полека се оддалечува од планетата Земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот