ВИДЕО | Мета: Едвај чекам да се вратам во политичките битки, на земјата ѝ е потребно вистинско лидерство

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека едвај чека да се врати во „политичките битки“ по завршувањето на неговиот мандат.

Според него, тоа е неопходно во „услови кога на земјата ѝ треба вистинско лидерство“.

– Ќе продолжиме до 24 јули. Едвај чекам де се ослободам од придружбата, полициските автомобили напред-назад, бидејќи повеќе не ги поднесувам. Со нетрпение очекувам да дадам сѐ од себе за овој прекрасен народ кому му е потребно вистинско лидерство. Првите избори, откако ќе го соблечам ова црно одело, ме водат во вистински битки. Илир Мета не е од оние кои продаваат натпревари, рече Мета кој денеска беше во Корча.

Додаде дека парламентарните избори, од 25 април минатата година, не бил добиен, туку продаден натпревар.

– Нема победник, туку продаден натпревар, пред да почне. Илир Мета не е оние кои го изневеруваат народот, посочи тој.

Мета одби да коментира дали 21 јануари се користи за политички цели.

На 21 јануари 2011 година, кога тој беше во владината коалиција со Сали Бериша, се случија протести, оранизирани од Социјалистичката партија, тогаш во опозиција, кога беа убиени четири лица, чии роднини и денес побараа правда.

Лидерот на социјалистите и актуелен премиер, Еди Рама и тогаш и денес за убиствата ги обвини Сали Бериша, тогашен премиер и Љуљзим Баша, тогашен прв полицаец.

Уставниот суд на 18 месецов требаше да расправа околу одлуката на парламентот за негово разрешување, донесена во јуни минатата година, но поради тоа што известителот бил позитивен на ковид-19, расправата е одложена за први идниот месец.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот