ВИДЕО | Меси се појави на вечера, па мораше да биде изнесен со полиција

Фото: Screenshot

Лионел Меси е миленик на Аргентинците долги години, но тоа посебно е изразено по Мундијалот во Катар каде што Лео ги предводеше „Гаучосите“ до титулата на која чекаа од времето на Марадона.

Како и голем дел од фудбалерите, така и Меси се врати во својата татковина поради репрезентативната пауза и двата пријателски натпревари кои и следат на Аргентина.

Времето во татковината Меси сакаше да го искористи и да оди на вечерва во ресторанот „Дон Хулио“, но кога сте Меси не можете да одите на „обична“ вечера, посебно не во Буенос Аирес.

Се обиде Лео да биде незабележителен и како „нормален“ човек да излезе, но тоа кратко траеше набрзо по неговото влегување во ресторанот надвор се собра огромна бројка на луѓе, па мораше да биде изнесен и со полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот